Касилјас излезе од болница: Најважно е што сум уште со вас…

Икер Касилјас денеска беше отпуштен од клиниката во Порто каде лекарите минатата седмица му го спасија животот откако шпанската голманска легенда имаше срцев удар за време на тренингот во својот клуб. Најважната битка е добиена, па поранешниот голман на Реал при заминувањето од болницата им се заблагодари на сите оние кои му даваа поддршка во изминатите денови.

Сите добро знаете што ми се случи пред неколку дена. Најважно е што сум тука, пред сите вас, имав среќа, но благодарен сум на сите кои се грижеа за мене, Доктор Нелсон, луѓето од Порто, докторите, сите оние кои ми пратија поддршка… Ќе треба да мирувам неколку седмици, можеби неколку месеци, не ми е грижа колку долго ќе биде бидејќи најважно од се е што сум жив. Не знам што ќе ми донесе иднината, ќе почекаме да видиме како ќе се одвива рехабилитацијата“ – истакна Касилјас.

Неколку шпански кардиолози во изминатите денови категорично тврдеа дека нема никаква шанса Касилјас повторно да се најде на фудбалски терен, поради сериозноста на претрпениот срцев удар.

Сепак, како што вели самиот голман, најважно е што е жив.

Се вчитува...