Касилјас ја завршува кариерата, ќе стане директор на Порто

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас поради срцевиот удар кој го претрпе неодамна ќе мора да ја заврши професионалната фудбалска кариера, но ќе преземе една од директорските функции во португалскиот великан Порто.

Медиумите на Пиринеите откриваат дека 37-годишниот голман набрзо ќе ја објави одлуката околу пензионирањето, а Порто веќе му има понудено една од функционерските позиции. За потсетување поранешниот капитен на „црвената-фурија“ на почетокот на мај на тренинг доживеа срцев удар, по што беше итно пренесен во болница каде беше подлегнат на хируршки зафат.

Легендарниот голман во кариерата настапи на 725 меча за Реал Мадрид од кој во 2015 година премина во Порто.

Се вчитува...