Касилјас: Јас ќе кажам кога ќе се пензионирам

Легендарниот шпански фудбалер Икер Касилјас демантира дека ќе ја заврши професионалната фудбалска кариера и ќе добие функција во Порто.

„Пензионирање? Ќе биде еден ден сигурно, но не сега. Дозволете јас да кажам кога ќе се пензионирам. Вчера имав преглед кај докторот и моето здравје е одлично. Тоа е навистина одлична вест што сакам да ја споделам со сите“, изјави Касилјас. 

За потсетување, поранешниот капитен на „црвената-фурија“ на почетокот на мај на тренинг доживеа срцев удар, по што беше итно пренесен во болница каде беше подлегнат на хируршки зафат. Легендарниот голман во кариерата настапи на 725 меча за Реал Мадрид, по што во 2015 година премина во Порто.

Се вчитува...