Касилјас нема шанси пак да заигра фудбал?!

Икер Касилјас се наоѓа надвор од животна опасност по срцевиот удар за време на вчерашниот тренинг во Порто, но шпанскиот ветеран поради овој сериозен здравствен проблем ќе мора да му каже збогум на фудбалот. Клупскиот лекар на Порто најави дека е прерано да се даваат прогнози дали и кога Икер би можел повторно да застане на голот на португалскиот гигант, но за познатиот шпански кардиолог Хуан Антонио Корбалан воопшто не постојат дилеми на оваа тема.

„Икер нема да може да се занимава со професионален спорт. Инфарктот е многу сериозна работа, вграден му е стент, што само по себе значи и крај на кариерата. Касилјас ќе може да води нормален живот, но што се однесува до спортска кариера, таа приказна е завршена“ – изјави Корбалан за шпанската национална телевизија.

Шпанскиот ветеран неодамна потпиша нов договор со Порто со важност до 2020 година, но како што стојат работите тој нема да може да продолжи со настапи на фудбалските терени.

Се вчитува...