Англискиот премиерлигаш Ливерпул размислува за ново голманско решение за следната сезона, а менаџерот Јирген Клоп по се изгледа дека ќе се одлучи за искусен чувар на мрежата. Шпанските медиуми најавуваат дека легендарниот Икер Касилјас би можел да пристигне на „Енфилд роуд“ по завршувањето на сезоната, откако ќе истече неговиот договор со Порто.
Касилјас го загуби првотимскиот статус во португалскиот тим, а неодамна настапи на „Енфилд роуд“ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Ова гостување било искористено и за првични преговори со Ливерпул за можна соработка од следната сезона.
Голема желба на менаџерот Јирген Клоп е голманот на Рома, Алисон Бекер, но за него офанзива веќе најави Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА