Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, на лето го напушта Порто и се сели во Франција, објави португалскиот спортски весник „А Бола“. 35-годишниот голман ќе го заврши својот престој во Португалија и ќе потпише двегодишен договор со поранешниот европски првак, Олимпик Марсеј.
Спортскиот директор на овој клуб, Андони Зубизарета, веќе имал состанок со Касилјас, и успеал да го убеди дека проектот на Олимпик Марсеј е стабилен, откако сопствеништвото го преземаа американски бизнисмени. Целта на Олимпик Марсеј е да биде конкурентен во Франција со ПСЖ и со Монако.
Касилјас прејде во Порто во 2015 година од редовите на Реал Мадрид и досега за овој тим настапи на 75 натпревари. Тој е рекордер по настапите во шпанскиот национален тим, како и воопшто во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА