Касилјас: Сакам да ја завршам кариерата во Порто

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас и во претстојната сезона ќе го брани голот на Порто. Тој дојде во редовите на португалскиот првак во 2015 година, откако целата претходна кариера ја мина во Реал Мадрид.

„Сакам да ја завршам кариерата во Порто. Откако ќе го испочитувам договорот, ќе заминам во пензија. Имав среќа да играм во два неверојатни клуба, во Реал Мадрид, које дефинитивно најголемиот клуб во историјата, и во Порто, кој има посебно место во португалската историја. Тоа ме прави посебно среќен“, изјави 37-годишниот Икер Касилјас.

 

Се вчитува...