Касилјас се чувствува одлично, во понеделник ја напушта болницата во Порто

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас во средата преживеа срцев удар на тренинг итно беше префрлен во болница и му беше извршен хируршки зафат. Тој во болницата во Порто се наоѓа веќе трет ден, а докторите кои што се грижат за неговото здравје велат дека тој се чувствува одлично, а неговата жена познатата спортска новинарка Сара Карбонеро, вели дека нејзиниот сопруг би можел да ја напушти болницата веќе во понеделник.

„Икер се чувствува одлично. Во болница ќе остане уште неколку дена. Се надеваме дека во понеделник ќе биде пуштен“, изјави Карбонеро. 

Во својата богата кариера Касилјас со Реал Мадрид ги освои сите клупски трофеи, а со репрезентацијата на Шпанија го освои Мундијалот 2010 во Јужна Африка.

Се вчитува...