Касилјас твитна од болнички кревет: Силен како секогаш…

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас се чувствува добро во клиниката во Порто, откако во текот на денешниот ден преживеа срцев удар на тренинг. Итно беше префрлен во болница, му беше извршен хируршки зафат, а неколку часа подоцна веќе се чувствува многу подобро и заблагодари за огромниот пораки што ги добил од заинтересираните фанови и од пријателите.

„Се е под контрола, малку сум исплашен, но силен како секогаш. Огромна благодарност до сите за испратените пораки, за грижата и за љубовта“, напиша Икер Касилјас на Твитер.

Се вчитува...