Касилјас во јануари го напушта Порто и се сели во Њукасл?

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас преживува тешки мигови на клупата на Порто. Тој не е во најдобри односи со тренерот Серџо Консеисао, кој го „закова“ на клупата за резерви. Последниот меч на кој Касилјас бранеше во дресот на Порто е на 17 октомври, во поразот од Лајпциг во Лигата на шампионите. Оттогаш, Жозе Са е прв избор на Консеисао на голот на португалскиот тим.

Касилјас веќе размислува за заминување, а најреална е опцијата да се пресели во Премиер – лигата и да застане на голот на Њукасл. Неговиот поранешен тренер Рафаел Бенитез му нуди да дојде во Англија и да го замени Карл Дарлоу, кој засега е прво решение на голот на Њукасл.

 

Се вчитува...