Каспер Руд е последниот полуфиналист на Ролан Гарос

Каспер Руд е последниот полуфиналист на машкиот дел од турнирот на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Норвежанецот до полуфиналето стигна откако вечерва славеше во скандинавското дерби, против Данецот, Холгер Руне со 3-1, по сетови 6-1, 6-2, и 3-6 и 6-3.

Во полуфиналето Руне за противник ќе го има Германецот, Александер Зверев. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Се вчитува...