Каспер Руд го освои турнирот во Мадрид

Норвешкиот тенисер Каспер Руд, е освојувач на АТП турнирот во Мадрид, откако во финалето го совлада Џек Дрејпер со 2-1 во сетови (7-5, 3-6 и 6-4).

Руд го доби овој меч после 2:30 часа игра. Првиот сет го реши во своја корист Руд, и покра јтоа шго противникот имаше водство од 2-4, 3-5, успеа да направи голем пресврт и да поведе со 1-0.

Во вториот сет, пак, Руд имаше преднсот од 2-1 и 3-2, а потоа Дрејпер со четири гема по ред, го израмни резултатот. Во последниот решавачки сет поведе Дрејпер со 0-1 и 1-2, но Руд одново најде сили за пресврт, и од 1-2, дојде до 4-2, за потоа да го приведе до крај мечот.

Се вчитува...