Кастањеда во Вардар до 2028 година

Вардар ќе презими на врвот на табелата во Првата лига, но „црвено-црните“ работат на задржување на клучните играчи во тимот. Во тој правец, вечерва беше објавено дека се продолжува соработката со Аргентинецот Диего Кастањеда, кој со новиот потпис ќе остане уште две сезони плус меѓу „црвено-црните“, до јуни 2028 година.

„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека со успех завршија преговорите со нашиот аргентински интернационалец Диего Кастањеда. Договорено е продолжување на соработката, па е потпишан договор да игра за Вардар до летото 2028-ма година“, се вели во соопштението на „црвено-црните“.

Офанзивниот играч за врска одигра низа квалитетни мечеви оваа сезона, во изминатите месеци успевајќи да постигне два гола и четири асистенции во дресот на Вардар.

Се вчитува...