По селекторската смена на Доменико Тедеско, голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа реши да се врати во репрезентацијата на Белгија.
Сепак, со враќањето на Куртоа не завршија проблемите во оваа репрезентација која е еден од противниците на Македонија во квалификациите за СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Голманот Коен Кастелс кој беше прв голман во отсуство на Куртоа, реши да се повлече од националниот тим.
„Не ми е јасно како федерацијата прави промена на ставот од 180 степени и сега постелува црвен тепих за Куртоа и го чека со раширени раце. Не очекував дека тој сам ќе решава дали да се врати во репрезентацијата. Овој мој став не е насочен против Куртоа, туку против федерацијата и вредностите кои таа ги промовира со овие потези. Јас веќе нема да бидам дел од репрезентацијата“, рече Кастелс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

