Кастер Семења го загуби спорот против ИААФ во Лозана

Олимписката шампионка на 800 метри, Кастер Семења, го загуби спорот против Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) околу новото правило за рагулирање на нивото на „тестостерон“ во пресрет на настапите на големите атлетски натпреварувања. Според новото правило на ИААФ, атлетичар(к)ите кои се натпреваруваат на патеките од 400 метри до една милја, ќе мора да го намалат нивото на „тестотерон“ во организмот под 5 nmol/L.

Кастер Семења упати тужба до Судот за арбитража во спортот во Лозана, со напомена дека нејзиното тело природно лачи поголемо ниво на „тестостерон“, но таа беше одбиена.

„Јас трчам природно, како што сум родена“, истакна Кастер Семења, напоменувајќи дека ова е класична дискриминација.

Сепак, според новото правило на ИААФ, атлетичар(к)ите ќе мора со медикаменти да го регулираат нивото на „тестостерон“, и тоа една седмица пред настапот на големите натпреварувања, а ќе бидат строго контролирани од Меѓународната атлетска федерација. Новото правило на ИААФ треба да почен да се применува од 8. мај.

Судот во Лозана признава дека правилот е дискриминаторско, но оти би требал ода се користи поради „заштита на интегритетот на атлетичарките„. Сепак и во одлуката на Судот стои дека примената на правилото отвора бројни дилеми и оти има серизни прблеми околу начинот на неговата примена.

Се вчитува...