Кастер Семења нема да ја брани светската титула на 800 метри на планетарниот атлетски шампионат во Доха откако го загуби спорот со ИААФ и во швајцарскиот суд.
Одлуката дека таа има право да настапи на Светското првнество без да се применува одлуката на Светската атлетска федрација за намалување на нивото на тестостерон е отфрлена. Таа сега останува без право на настап, но вели дека ќе ја продолжи борбата за човекови права и за правата на сите атлетичарки во светот.
Адвокатскиот тим на 28-годишната Семења најави дека ќе ја продолжи борбата затоа што последната одлука е повеќе од технички карактер и нема врска со суштината на жалбите кои ги поднесува јужноафриканската атлетичарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА