Атлетико Мадрид уште сега крои планови каде и како ќе ги потроши парите на лето кои ги заработи од продажбата на Караско и Гаитан, Диего Симеоне ја одреди потенцијалната замена за белгиското крило. Се работи за офанзивниот фудбалер на Вилјареал, Саму Кастилјехо, за кого Атлетико треба да издвои најмалку 20 милиони евра.
23-годишниот Шпанец веќе извесно време е на радарот на „јорганџиите“, но клубот од Мадрид никогаш не направи конкретен потег да го доведе во своите редови. Кастилјехо сезонава игра на високо ниво, доволно да биде забележан од неколку шпански клубови, како и актуелниот лидер во Италија, Наполи. Во Примера досега настапи на 19 натпревари забележувајќи два погодоци и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА