Кастратовиќ нов селектор на Иран

Зоран Кастратовиќ својата кариера ја продолжува во Азија, откако овој стратег ја прифати понудата да седне на клупата на Иран.

Искусниот стручњак веќе извесно време беше без ангажман по успешната авантура во Катар, откако претходно работеше како шеф на стручниот штаб на Вардар. За потсетување, Кастратовиќ беше прв тренер на Вардар во „ерата на Самсоненко“ во 2013 година, но издржа на жешкото столче само неколку месеци, за да биде заменет најпрвин со тогашниот асистент Доне Бошковски, на неколку средби на клупата седеше и Сергеј Самсоненко, за на крајот да биде најдена перманентна тренерска опција во името на Раул Гонзалес.

Тој на селекторската функција ќе го наследи Словенецот Борут Мачек, а главна задача му е да оствари што подобар пласман на шампионатот на Азија.

Се вчитува...