Металург стартуваше со победа во ракометната Суперлига под палката на новиот тренер Зоран Кастратовиќ. Во првиот свој меч на клупата на „металурзите“ Кастратовиќ тргна со победа од 24-27 на гостувањето против Пелистер во Битола.
Металург уште во првото полувреме, кое го доби со 11-15, ја најави победата која на крајот беше заокружена со три гола разлика.
Томислав Јагуриновски и Реваз Чантурија со по шест погодоци беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Стефан Талевски со седум гола се издвои во редовите на Пелистер.
По оваа победа тимот од Автокоманда го задржи лидерското место на табелата со 19 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА