Легендарниот кошаркар на Барселона, Хуан Карлос Наваро е пред враќање во својот „матичен“ клуб во кој ќе ја врши функцијата на генерален менаџер, пренесува шпанскиот медиум ‘Мундо Депортиво’.
Четириесетгодишниот Наваро ја заврши својата играчка кариера во 2018 година и оттогаш врши повеќе функции во клубот, но сега добива поголема одговорност. „Ла Бомба“ речиси целата своја кариера ја помина во дресот на Барселона, со исклучок на една сезона во која ги бранеше боите на Мемфис Гризлис.
„Препородената“ Барселона по подолго време повторно е на врвот на европската кошарка. Оваа сезона регуларниот дел од Евролигата го заврши како првопласирана, а претендентот за титула во првата рунда од плејофот ќе се сретне со Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА