Претставници на Барселона во понеделникот присуствувале на натпреварот помеѓу Челси и Вест Хем, со цел да ги оценат перформансите на тројца играчи. Се работи за шпанското дуо Азпиликуета и Алонсо, како и српскиот репрезентативец, Немања Матиќ.
Како што најавува „Марка“, Барселона е спремна на лето да прави доста промени со составот, а највеќе им треба засилување на десната бековска позиција, што значи дека од тројцата посакувани играчи, Азпиликуета е примарна цел. Иако интересот за шпанскиот репрезентативец е голем, Aзпиликуета потпиша нов договор со Челси на крајот од 2016 година, па „каталонците“ ќе треба да подготви екстремно добра понуда за да го предомислат.
Алонсо изјави дека пред да потпише со Челси минатата сезона имал понуда од каталонскиот клуб, но се одлучил за премиерлигашот сметајќи дека би имал поголема минутажа, а Алонсо сезонава ги одигра скоро сите натпревари за лидерот. Матиќ се прероди по доаѓањето на Конте, ја врати самодовербата, одлично се снајде со новиот партнер во средната линија, Нголо Канте, па спортскиот директор Еменало реши да го награди со нов договор, што значи Матиќ останува на „Стемфорд Бриџ“ и наредната сезона.
Ден подоцна се играше натреварот Арсенал – Баерн Минхен, а скаутите следеа уште еден шпанец кој би имал улога на првотимец на позицијата десен бек. Хектор Бељерин е од академијата на Барселона, но во неколку наврати изјавуваше дека не би го напуштил Арсенал за неговиот поранешен тим, сметајќи дека би направил иста грешка како Фабрегас. Но, надежите на Барселона околу негов ангажман се вратија откако шпанецот изјавил дека ќе си замине доколку Венгер добие отказ.
Единствениот проблем на шпанскиот гигант се големите примања на играчите, доколку успеат да ангажираат некој од овие четворица, ќе мора да прифатат помала плата, нешто што фудбалерите во нивните дваесетти години не би прифатиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА