Барселона не успеа да стигне до билет за финалето во Лигата на Шампионите, а каталонците вината за елиминацијата ја посочуваат кај судиите предводни од Шимон Марчинијак.
Ханси Флик одби да даде конкретен коментар, но јасно стави до знаење дека не е задоволен од арбитражата на „Џузепе Меаца“, Педри отиде чекор понапред изјавувајќи дека УЕФА треба да го истражи полскиот судија и неговите одлуки на синоќешниот реванш, а медиумите потсетија и на едно видео во кое јасно се гледа како Полјакот меѓу своите лични работи има и несесер со логото на Реал Мадрид.
„Кога и да имаше спорна ситуација, Полјакот и неговите ВАР помошници судеа во корист на Интер. Маричинијак е тренер кој има пријателско минато со Реал Мадрид, па не е изненадување што ја оштети Барселона. Бевме исфрлени од ЛШ од пријателот на Реал“, пишува каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

