Џирона ја совлада Барселона со 2-1 на свој терен во 24. коло од Ла Лига, но победничкиот гол предизвика голема контроверза. При резултат 1-1, во акцијата што заврши со погодокот на Фран Белтран во 86. минута, Клаудио Ечевери го нагази Жил Кунде по стапалото, оставајќи го францускиот одбранбен играч на земја.
Главниот судија Сезар Сото Градо не ја прекина играта, а ВАР (Давид Галвез) не интервенираше и не побара преглед на ситуацијата, иако повторувањата јасно покажуваат дека имало директен контакт и нагазување. Играчите и клупата на Барселона силно протестираа, но голот беше признат, што му донесе три бода на домашниот тим и го врати Реал Мадрид на врвот на табелата.
Пау Кубарси го даде водството за Барса во 59. минута со одличен удар со глава по асистенција на Кунде, а за Џирона израмни Томас Лемар во 61. минута. Ламине Јамал промаши пенал во првото полувреме. Инцидентот дополнително ги разгори реакциите во каталонскиот камп, а дури и самиот Ечевери подоцна призна дека го нагазил Кунде, но дека било ненамерно поради инерција.
A clear foul on Kounde leading to the second Girona goal.
How did VAR review this and not overturn the on-field decision.
Disgraceful 😕 pic.twitter.com/265GQWZFXA
— STANDARD GUY (@OtunbaHadeniyi) February 16, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

