По поразот од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите, таборот на Барселона го бара виновникот за таков исход во еден човек судијата.
Таборот на Барселона е, благо кажано, огорчен од арбитражата на романскиот судија Иштван Ковач, најмногу поради, според нив, голем пропуст во второто полувреме кога, по додавање на голманот Хуан Мусо, Марк Пубил ја смири топката со рака во шеснаесетникот на Атлетико.
Шпанските медиуми пишуваат дека Каталонците дури и ја преиспитуваат можноста да испратат официјална жалба на судењето на Ковач и неговите помошници, но не само поради овој натпревар, туку и поради некои претходни во кои сметаат дека биле оштетени.
Во писмото, УЕФА би ја потсетила Барса на играњето со рака на дефанзивецот на Интер Дамфрис во 2022 година во групната фаза, и наводниот фаул врз Жерар Мартин во полуфиналето од минатата сезона, а потоа и црвениот картон за Араухо во сезоната 2023/2024.
Барселона сега сака да го додаде и „ракометот“ на Пубил на таа листа на судиски грешки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

