Поранешниот македонски селектор Среќко Катанец, по синоќешниот пораз на Словенија од Англија, во свој стил среде ТВ изјава веднаш по мечот најави дека заминува од клупата на словенечката селекција.ч
Словенија со минималниот пораз од Англија, со гол на Хари Кејн во судиското продолжение, ги загуби шансите за пласман на СП 2018, па Катанец најави заминување од селекторската функција.
„Оваа репрезентација на Словенија има светла иднина, но без Среќко Катанец како нејзин селектор. Мечот со Шведска ќе биде последен за мене на клупата на Словенија. Доста беше, време е за промени… Одигравме добар меч во Англија на кој не заслуживме пораз. Но, фудбалот некогаш е многу суров“ – рече Катанец по синоќешниот дуел.
Согласно се погласните шпекулации, Среќко Катанец во иднина се очекува да седна на селекторската клупа на репрезентацијата на Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА