Пелистер ја искористи оваа репрезентативна пауза за да ангажира двајца нови фудбалери за натамошниот дел од прволигашката сезона, потпишувајќи договори со Александар Катаниќ и со Фернандо Карваљо.
Катаниќ е српски интернационалец кој настапува како напаѓач и има променето бројни клубови. Србинот во 2023 кратко време настапуваше и за Силекс, а последен клупски ангжаман му беше во прволигашот од Малта, Балзан.
Бразилецот Карвалјо може да настапува на сите позиции во нападот, а минатата сезона се натпреваруваше во четвртата лига од оваа држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА