КАТАПУЛТ: Федерациите за подготвување пилоти и за тропање глупости бараат Циле да ослабе

Екипа

Македонскиот спорт е посебен феномен, веројатно е и многу реална слика на државата и на системот кој (не)функционира во неа. Па така со исклучително скромни резултати и речиси никаква продукција на спортисти, кај нас вечна тема е кој ќе биде фукнционер, каде, во која федерација.

Ова особено кога има промена на власта. И врапците знаат дека кога ќе се смени власта доаѓаат „нашите“ место “вашите“.

И токму тоа е она што ни го порачува ИОК дека ни е фалинка. Ама па кој да разбере. Ова е вака со години и децении. Голема одговорност има Македонскиот олимписки комитет кој држејќи се за позицијата, „low profile“ (добро, освен кога ги избрка одбојкарите од Медитерански) дозволи да биде практично маргинализирана институција и во Македонија спортот го дрмаат политички фигури поставени на директорската позиција во фамозната Агенција за млади и спорт.

Ако МОК добивал писма уште во 2014 требало да алармира погласно. Тоа „ние им пишавме на овие и на оние“, во оваа држава не е доволно. Овде за да се реши проблем треба да се вика, да се вреска море.

И затоа сега во ситуација кога МОК реши да биде малку погласен, си доби барање за промени. Се собрале федерациите, најачик им е атлетска, со новиот мејл, па од кај нив го пратиле  соопштението.

Пет пати го препочитав, Иницијативен одбор за промени во Македонскиот олимписки комитет. Федерациите да имале мнозинство во собранието на МОК. Ова „дежа ву“ ко да е. Оти неколку месеци го гледаме, само малку во поразлична форма. Клубовите да имале мнозинство во собранието на ФФМ. Иста е кујната, иста е финтата.

11 години гледавме вакви удари и контраудари. Демократијава и животов што дојдоа требаше да донесат нешто поинакво. Тешко изгледа во Македонија тоа.

И што ако го смените Васил Тупурковски и луѓето околу него, ИОК ќе се премисли и ќе рече пу пу, не важат овие писмава.

Престанете со политика во спортот. Тоа ви е пораката.

Директорот на АМС не знаел кои членови да ги смени. Еве овие каде што ја продолживте истата шема. Да се менуваат претседатели на федерации при промена на власт. Не знам како тоа не знаеле кој дел од законот е спорен. Оној дел каде што ги правите федерациите комплетно зависни од вашето решение за дејност спорт.

И како тоа не знаеле што да сменат, не биле јасни писмата. Појасни АМИН. И како тоа официјална позиција на владино тело е „не ни е јасно што не е во ред со законот“. Тоа е ко на Рената да и пишат од Европска комисија дека законот за „не знам таму што во судството“ на пример не ни е усогласен со европската регулатива. И што да вика министерката, не ни е баш јасно кој член. Ама тоа ви е работа. ИОК ли да ви каже кој членови и како да ги смените.

ПС.

Ама па не е крив директорот, многу задачи му имаат дадено. Не е лесно младинска картичка да се промовира. А има пак и конкурс за оние стохотворбите што го прославија. И заменицине како му ги погаѓаат, му шетаат по Охрид, по Косово. Ама па добро блиску се движат. Не забегуваат многу.

ПСС.

Целата работа на МОК, сосе проектите од типот МОК ТВ и билборди низ град за една олимписка норма се тема на посебна анализа.

Се вчитува...