КАТАПУЛТ: МАН ГУ ПИ !

Екипа

Многу е МАНГУПСКИ да се надминат сите проблеми и да се излезе како победник во еден од најзначајните натпревари во кариерата во кој сте влегле под огромен притисок и втурнати со бремето на распадот на тимот за кој играте. МАНГУПСКИ  е да го износите победнички сето она што други ви го истуриле како тежина, да победите во натпревар во кој сите го гледаат противникот како победник, не поради вашиот недоволен квалитет, туку поради ситуцијата која сте се нашле не по ваша вина, а мора да ги издржите и огромните очекувања и глупавото сожалување кое воопшто не го сакате оти сте достоинствени на терен, а уште повеќе како луѓе.

Воопшто не е МАНГУПСКИ на пример да сте тренер на екипа која е на последното скалило од остварување на амбицијата на сезоната, а да немате противигра на тактиката на противникот и да го загубите натпреварот кој можел да ви го донесе статусот на еден од ретките репрезенти на сериозна меѓународна сцена на македонскиот спорт следната сеозна. Не е МАНГУПСКИ ниту да си играч на ваков тим и да го гледаш противникот како меч топката ја префрла на свој терен каде што е третиот најпосетен тим во лигата за која што се борите.

Не е МАНГУПСКИ воопшто да го викате Господ на помош во битката за фотелјата од која сите сакаат да ве испратат. Малку е МАНГУПСКИ што во трката за првото место во еден од најпопуларните спортови кај нас кандидатите сфатија дека треба да не се офираат по социјални мрежи и дека треба да работат малку. До претседателско место се доааѓа ако се добие битката на терен.

МАНГУПИТЕ ја завршуваат работата, не се жалат на плати и распоред, го освојуваат тоа што го сакаат, одработуваат на терен, не бараат алиби и затоа се апсолутни МАНГУПИ во очите на сите.

Се вчитува...