КАТАПУЛТ: Што е фудбал? Кога директорот и заменикот на АМС се дриблаат

Екипа

ФФМ, претседателот и  директорите ….

Во највисоко државно тело за управување со одредена област нема лични ставови. Институцијата гради позиција, директорот ја брани, заменикот не може врз основа на личен став да оди тотално контра, не на директорот туку на институцијата. Ако го прави тоа, треба да има одговорност. Тоа што заменикот не бил инволвиран во преговрите на АМС со ФФМ околу статураните промени, не амнеситира никого во небулознава ситуација.

Партиско -коалициските турбуленции ви излегуваат на виделина во многу случаи, ФФМ е последниот во низата. Во меѓувреме Федерацијата си има нов претседател признаен од Шукер, Агенцијата си остана на барањето кое го испорача, не во 5 до 12, туку во 12 и 5.

Сега ќе ги искористеле сите законски механизми. А што правевте од моментот на абдицирање на Илчо? Се сликавте и држевте пресови со полумаргинални спортови. Или критериумитe ги правевте, мора да сте биле силно фокусирани на фудбалот, се гледа по третманот што го добија фудбалските клубови.

Не е до казните, до кошарката е …….

Кошаркарскиот вицешампион ако повеќе се насочи кон својот двор отколку кон агитација за промени на еден од ретките закони во државава кој има смисла и ако управувачките структури намалат со паметување по социјални мрежи, можеби и нема да му се случуваат порази од Кожув. И да, оправдувањата од типот, па само трет пораз ни е, имаме и АБА (која да не заборавиме 2), а го добивме и дербито, се повеќе од дегутантни.

Оти и дербито одамна не е дерби, квалитативно е под сите што низ минатите години ги нудеше оваа пресметка која беше главен настан во Градот. Како ли му е на Марин кога ја гледа онаа кошарка, а бога ми и Грне памти подобри времиња.

Законот за спречување насилство на спортските терени и треба да биде ригорозен, клубовите кои инсистираат на навивачки групи нека си ги носат последиците или нека ги си контролираат навивачите. Тоа што на клубот му е скапо да плаќа е негов проблем, нека не глуми галантност кон навивачите оти тие треба да престанат да му прават проблеми. Да, ќе имате пари за играчите ако не ве доведуваат во ситуација да плаќате непотребни казни. Многу е едноставно.

 

Се вчитува...