КАТАПУЛТ: Што се може да се направи ако не си зел плата девет месеци ?

Екипа

Да се обезбеди пласман на Ф4, но и да се загуби Куп титулата. Ама кога имаш сериозно алиби, како неплатена цела сезона, никој и не се потресува за загубениот трофеј од градскиот ривал кој одамна знае како е да се живее во финансиска криза.

Ама спасот на Вардар бил на повидок. Кога ќе ја направат финансиската конструкција ќе им фалат само ракометари, а и тренер. Зошто на овие сега што ќе се борат за европска титула исписниците им се в раце. И ќе си одат. Само што евентуалниот колапс на Вардар може да повлече со себе надолу и други ракометни проекти.

И се потшепнува за спасот на Вардар, за информацијата да стигне до јавноста, привид на стабилност, за мир во неколку куќи.

А и да. Ќе тргнеле ваучерите. Ич да не се секирате. Сега на Вардар кога ќе му го дадете ваучерот нема да му требаат ни нови спонзори ни донаторски акции. Ама барем вратете им ги парите на луѓето кои со цело срце донираа. Или и вие донирајте ги.

******

Тројца, двајца, помалку или повеќе  – колку кандидати ќе има на изборното собрание на МКФ ќе дознаеме директно таму, утре.

Претендентите кои ќе договорат поддршка од најмалку десет клубови кандидатурата ќе ја поднесат пред собранието. Делегатите пак имаат можност да поддржат повеќе кандидатури, но ќе гласааат само за еден.

Позицијата на актуелниот претседател секако е поповолна од онаа на тие што сакаат да го заменат. Двајцата кои официјализираа дека би сакале да го заменат Пеце имаат уште многу малку време да лобираат меѓу оние што ги креваат црвените и зелените ливчиња и да ги убедат дека се подобри и од тој што е сега на власт, но и од другиот кандидат.

Кулоарските муабети за евентуално коалицирање сите некако ги сфатија како здружување на предизвикувачите кои „не требало да ги расплинуваат гласовите на револуцијата“.

Сите сепак најмногу стравуваат од Пеце оти со една одлука да биде гласањето тајно како и минатиот пат ќе им ги урне сите коалиции и ветувања што си ги давале.

********

НБА ритамот на кој се жали цела сезона тренерот на МЗТ конечно му носи и нешто добро. Сега кога сите плачат дека не можеле да играат среда-сабота вклучувајќи го и шампионот-скитник, МЗТ конечно профитира од АБА 2. Таман легна ритамов на стручниот штаб кој е поголем од на Голден Стејт, толку костумосани на клупа нема ни во Портланд, Милвоки и Торонто.

Се вчитува...