Катар донесе одлука: Aлкохол ќе се пие 19 часа дневно само на едно место?

Светското првенство во Катар, кое за 50 дена ќе стартува во невообичаениот термин сепак ќе мине со алкохол за навивачите, ама константно ќе може да се пие само на едно место во најголемата фан-зона која ќе биде музички фестивал, каде ќе се точи сѐ и сешто од 10 часот наутро до 5 часот по полноќ.

Консумирањето на алкохол беше проблематично и најдено е решение во интерес на сите, иако во Катар е најстрого забрането според шеријатските закони, ама навивачите освен што ќе плаќаат ептен скапо за шише пиво, нема да може да пијат каде сакаат.

За нов е организиран музички фестивал во џиновска фан-зона „Аркадио Спектакулар електроник“ и се очекува преку 200.000 навивачи да бидат присутни, а 19 часа ќе може да уживаат во алкохолот и да се забавуваат.

Пиво ќе чини 18 долари и ќе го има и во другите фан-зони, како и околу стадионите, но до три часа пред стартот на мечот и еден час после последниот судиски свиреж, додека за време на мечевите нема да може да се консумира ништо алкохолно.

СП во Катар стартува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.

Се вчитува...