Катар е нов шампион во Купот на Азија… (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Катар е шампион во Купот на Азија откако во финалната пресметка славеше против Јапонија со 1-3.

Катарците триумфот во финалето го најавија со два гола уште во првото полувреме. Најпрво погоди Алмоез во 12. минута а потоа и Хатим зголеми на 2-0.

 

Во вториот дел, Јапонците намалија во 69. минута со голот на Минамино, но Афиф од пенал во 83. минута ги постави конечните 1-3.

Претходен победник во Купот на Азија беше селекцијата на Австралија која во 2015 во финалето славеше против Кореја.

Се вчитува...