Катар е новата дестинација во кариерата на Данило Брестовац

Данило Брестовац немаше посериозни проблеми да најде нов ангажман, откако екс-селекторот на Македонија си создаде име и реноме во азискиот ракометен свет.

Експресно откако беше обелоденета разделбата од Ал Сафа од Саудиска Арабија, Брестовац на маса имаше неколку понуди од овој дел од свескиот ракомет, за на крајот да реши да се пресели во Катар. Македонскиот стручњак ги договори условите за соработка со Ал Араби, клуб со кој потпиша договор на најмалку една сезона и дефинитивно ќе има можност да атакува на нов трофеи.

Ал Араби ланската сезона го освои Купот на Катар, повторно се најавува составување на квалитетен играчки ростер, така што Брестовац ќе има можност и со новиот клуб да атакува на највисок пласман во натпреварувањата во кои ќе учествува.

Се вчитува...