Катар го претстави „Ал Тумама“ стадионот за СП 2022

Катар го претстави планот за шестиот стадион на кој ќе се одржува Светското првенство во фудбал 2002 година. „Ал Тумама“ стадионот ќе се гради три километри јужно од Доха, ќе има капацитет  од 40.000 седишта, a ќе поседува најмодерен систем на ладење. Неговиот изглед е направен во форма на гафија, традиционална капа која ја носат мажите од арапските држави.

43674A5400000578-4806666-image-a-22_1503223680055

43672D3700000578-4806666-image-a-14_1503223633248

Врвната технологија за ладење драстично ќе ги смени температурите во внатрешноста на стадионот, бидејќи во летниот временски период температурите во Катар достигнуваат и до +50 целзиусови степени. Гледачите и фудбалерите во арената ќе имаат нормални климатски услови од +18 степени.

Севкупниот комплекс ќе поседува хотел со ресторани, надворешни терени за тренинг, терени за тенис, кошарка, како и „акватик центар“, кои ќе можа да се употребуваат и позавршувањето на Светското.

Овој стадион е еден од осумте на кои ќе се одржува Мундијалот, а засега само една арена е комплетирана, „Калифа Интернешенал“ стадионот во Доха беше изграден во месец мај оваа година.43672D7300000578-4806666-image-a-10_1503223588575

43674B7700000578-4806666-image-a-24_1503223696346

https://www.youtube.com/watch?v=KGvQ2kPVGao

Се вчитува...