Катар и Австралија го откажаа учеството на Копа Америка

Репрезентациите на Катар и Австралија кои беа повикани како гости, го откажаа учеството на годинашното издание на Копа Америка. Натпреварувањето требаше да се одржи минатата година, но поради пандемијата од коронавирусот беше одложено за годинава.

Поради ограничувањето на патувањата, овие две репрезентации се повлекоа од турнирот, на четири месеци пред неговиот старт.

Две опции се во игра по откажувањето на Катар и Австралија. Првата е покана да добијат две репрезентации од КОНКАКАФ, федерацијата на селекциите од Северна и Централна Америка (Мексико, САД, Канада, Порторико, Костарика…) или на првенството учество да земат само десетте репрезентации од Јужна Америка.

Се вчитува...