КАТАР НА „КАНТАР“ – ТЕМА И ДИЛЕМА (6): Легендарниот Пеле како мотивација плус за најдобрите светски голгетери…!

Осврт со најважните моменти кои го одбележуваат мундијалскиот ден. На вага клучните поенти, случувања, теми и дилеми…, кои вреди да се „измерат“ како заокружување на дневните возбудувања во Катар.
================================================================================

ТЕМА НА ДЕНОТ: Мбапе и Левандовски се израмнија со најголемиот меѓу најголемите!

Легендарниот Пеле и секогаш повеќе од извонредна компарација за најдобрите светски голгетери, затоа е секогаш и мотивација плус за секоја нова фудбалска ѕвезда која се стреми по неговите рекорди.

А, денот на Мундијалот во Катар мина во знакот на ѕвездите на Франција и на Полска кои се израмнија голгетерски со најдобриот фудбалер во историјата на Бразил.

Килијан Мбапе со два гола донесе победа од 2-1 против Данска за осминафинале на Франција, притоа израмнувајќи се со големиот Пеле со седум погодоци постигнати на светските првенства до 24 години. Сето тоа веќе го издвојува Мбапе како еден од најдобрите во историјата, но и личност која

Но, Пеле, без сомнение, е мотив и за Роберт Левандовски кој, пак, кој ги постигна двата погодоци во победата од 2-0 на Полска против Саудиска Арабија.

Левандовски го запиша, на тој начин, и својот прв гол на едно светско првенство. Левандовски дојде и до 77 гола во националниот дрес на Полска на интернационалната сцена, израмнувајќи се токму со легендарниот Пеле кој има 77 гола во дресот на Бразил.

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Килијан Мбапе ја однесе Франција прва во осминафиналето!

Килијан Мбапе е херојот на денот издвојувајќи се веќе како фудбалер кој може да го одбележи Мундијалот во Катар. Мбапе со двата денешни погодоци донесе победа од 2-1 за Франција во европското дерби против Данска со која „петлите“ веќе си обезбедија место меѓу најдобрите 16 на Светското првенство 2022.

РЕКОРД НА ДЕНОТ: Полска победила на сите 15 натпревари досега на СП на кои го отворила резултатот

Полска славеше со 2-0 против Саудиска Арабија со што си ги зголеми шансите за место во елиминациската фаза. Полјаците запишаа и рекорд како една од пет репрезентации кои победиле на сите 15 натпревари низ досегашните свои учества на светските првенства на кои први го отвориле резултатот.

КУРИОЗИТЕТ НА ДЕНОТ: Австралија првпат по речиси 50 години без примен гол на меч на СП

Австралија освоен трите бода кои може за нив многу да значат пат кон елиминациската фаза на Мундијалот, со триумфот од 1-0 против Тунис запиша и еден свој позитивен момент. Првпат по СП 1974, Австралија успеа на еден натпревар од светските шампионат да остане без примен погодок!

ФОТО НА ДЕНОТ: Министерот за спорт на Саудиска Арабија веднаш во соблекувалната го теши Ал-Малики за грешката против Полска!

Се вчитува...