Осврт со најважните моменти кои го одбележуваат мундијалскиот ден. На вага клучните поенти, случувања, теми и дилеми…, кои вреди да се „измерат“ како заокружување на дневните возбудувања во Катар.
================================================================================
ТЕМА НА ДЕНОТ: „Кариоките“ наспроти индивидуалците пред тимот како во минатото, во Катар дејствуваат како моќен колектив!
Бразил, се чини, како никогаш досега во последните 20 години има тим во вистинска смисла на зборот. Наспроти, досегашните состави кај кои можеше да се почувствуваат индивидуалците наспроти колективот, се погласно е размислувањето на светските фудбалски аналитичари дека овој пат Бразил е моќен буквално на секоја позиција во тимот и делува колективно. И тоа сега дефинитивно го двои како фаворит број еден за шампионската круна во Катар!
Бразилците денеска го срушија и „западноевропското проклетство“, на некој начин, со триумфот од 1-0 против Швајцарија. Интересно, од 2006 година па до денес, цели 16 години, Србија и Хрватска се единствените европски земји кои Бразил успевал да ги победи на светските првенства. Хрватска ја победиле во 2006 година (1-0) и во 2014 година (3-1), а Србија во 2018 година (2-0) и сега во Катар со 2-0.
Наспроти тоа, до Мундијалот во Катар, во преостанатите седум натпревари против Европјани во последните 16 години, Бразилците имаа ефект од пет порази и само две ремија. Во периодот од 2006 година Бразил загуби од Франција, двапати од Холандија, Германија и Белгија, а ремизираше со Португалија и со Швајцарија. Денеска во Катар славеше против Швајцарците за крај на негативната „европска серија“, ако се исклучи Балканот. Затоа што токму ослободувањето од тоа „проклетство“ изминативе 16 години ќе им биде неопходно ако се знае дека на патот до светската круна сигурно ќе се соочат со некој од европските гиганти Франција, Португалија, Англија, Шпанија…
„Кариоките“ притоа денеска го израмнија и рекордот кој во историјата на Светските првенства досега единствено е виден на Мундијалот во 1998 година.
Според официјалната статистика, Србија и Швајцарија на двата натпревари против Бразил не упатија ниту еден удар во рамките на голот на „кариоките“. Заедно Србија и Швајцарија имаа вкупно осум шута, но ниту една топка во рамките на голот на Бразил.
Ова се случило досега во историјата само на СП 1998 кога Франција во првите две кола од групната фаза не дозволи, исто така, удар во рамките на својот гол.
ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Мохамед Кудус е втор најмлад Африканец кој постигнал два гола на еден мундијалски меч
Офанзивецот на Гана, Мохамед Кудус е вториот најмлад Африканец кој постигнал два гола на еден мундијалски меч. Кудус со 22 години и 118 дена денеска постигна два гола во победата на неговата репрезентација од 3-2 против Јужна Кореја.
Пред него единствено помлад фудбалер од африканскиот континент кој постигнал два гола е Ахмед Муса кој со 21 година и 254 дена стрелаше за Нигерија против Агентина на СП 2014.
РЕКОРД НА ДЕНОТ: Чо Гу-Сунг е првиот Азиец кој постигнал два гола со глава на едно СП
Кореецот Чо Гуе-Сунг е првиот фудбалер на Јужна Кореја кој успеал да постигне повеќе од еден гол на еден натпревар од светските првенства. Тој е, пак, и првиот азиски фудбалер кој запиша два гола со глава на еден дуел од Мундијалите. Гуе-Сунг двапати стрелеша во поразот на Јужна Кореја од Гана од 3-2.
КУРИОЗИТЕТ НА ДЕНОТ: Србија е прва нација која постигнала два гола во судиското продолжение на првото полувреме
Србија е прва нација на Мундијалите која постигнала два гола во судиското продолжение на првото полувреме. Србите на натпреварот против Камерун постигнаа два гола во судиското продолжение од првиот дел со кои стигнаа до пресврт од 2-1. Но, потоа тие не се покажаа доволни за да дојдат до конечен триумф против африканскиот состав.
2 – Serbia 🇷🇸 are the first nation ever to score twice in first half added time in a #FIFAWorldCup match. Turnaround. #CAMSER pic.twitter.com/btmgVGSPkC
— OptaFranz (@OptaFranz) November 28, 2022
ФОТО НА ДЕНОТ: Упорните и натаму упорни со поддршка за ЛГБТ, за жените во Иран, за Украина…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА