Репрезентацијата на Катар ќе биде значително засилена за натпреварите од главната фаза за СП 2021 откако беше донесена одлука дополнително во составот да бидат повикани двајца клучни ракометари од претходните големи натпреврувања.
Катарскиот стручен штаб од денеска во Каиро на располагање ќе го има „бомбардерот“ Рафаел Капоте, како и искусниот среден бек Вајди Симен. Двајцата ќе се најдат во составот за вечерашниот натпревар против Данска, а селекторот Ривера ќе реши во колкава мера ќе ги користи, со оглед на фактот дека воопшто не беа дел од подготовките пред тргнувањето за Египет.
Катар во првите три кола од ова СП забележа две победи (над Јапонија и Ангола) и еден пораз (од Хрватска). Покрај со Данска, Катарците до крајот на главната фаза ќе треба да се сретнат и со селекциите на Аргентина и на Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА