Катар обезбеди главна фаза на СП, во групата во кој би била и Македонија, лесни победи за Скандинавците

Репрезентацијата на Катар предводена од Веселин Вујовиќ обезбеди главна фаза на Светското првенство 2025 откако во 3. коло од Групата Ц во одлучувачкиот натпревар славеше против Кувајт со 25-22 (11-7).

Катар, заедно со Франција и Австрија кои завршија на првите две позиции во Групата Ц, ќе вкрстува во главната фаза со групата во која е и Македонија доколку утре славиме против Гвинеја во одлучувачкиот натпревар за продолжување на Мундијалот.

Марковиќ со 7 гола беше најдобриот поединец кај Катар во денешната победа.

Лесна задача имаа, пак, скандинавските екипи. Данска убедливо славеше против Италија со 39-20, Шведска го победи Чиле со 42-30 а Исланд убедливо триумфираше против Куба со 40-19.

Се вчитува...