Тимот кој бил задолжен за кандидатурата на Катар за Светското фудбалско првенство во 2022 година водел тајна кампања за саботирање на конкуренцијата. „Сандеј Тајмс“ објави извештај во кој се тврди дека медиумот има пристап до документи во кои се гледа дека тимот на Катар 2022 ангажирал ПР-агенција и поранешни ЦИА агенти за да работат против конкурентите, главно во САД и во Австралија.
Тимот што бил ангажиран требало да прави пропаганда дека во земјите кои исто така конкурирале за организација на Мундијалот, не постои домашна поддршка. Организаторите на СП во Катар во 2020, експресно ги демантираа обвинувањата.
Според регулативата на ФИФА, ваквите активност се забранети. На кандидатите за организација на светските првeнства не им е дозволено да прават никаква кампања, ниту пак да користат било какви средства кои би им помогнале во битката со конкуренцијата.
Овие информации не и биле достапни на истрагата што ја спроведе ФИФА во периодот на големиот скандал кој ја потресе светската организација пред три години.
Во извештајот има детални објаснувања за тоа како работела ПР-кампањата на Катар. Во САД, на пример, почитуван интелектуалец бил платен 9.000 долари за да напише колумна во која зборува дека организацијата на светско фудбалско првенство е прескапа. Во повеќе од земјите кандидатки биле регрутирани, новинари, блогери и значајни јавни личности за да пишуваат за фалинките во апликациите на нивните земји. Во Австралија пак биле организирани протести на наводните противници на кадидатурата на оваа држава.
Во двегодишната истрага околу кандидатурата на Катар за корупција што ја спроведе ФИФА, организаторите беа ослободени од сомневањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА