ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Катар е освојувач на трофејот на „Президент купот“ во Келн, каде учествуваа четирите најдобри селекции кои не обезбедија пласман во втората рунда од СП 2019. Катарците денеска во битката за 13. место се сретнаа со Русија, доминирајќи во дуелот со „зборнаја“ и заслужено триумфирајќи со 34-28.
Русија имаше почетна предност од 2-0, но потоа Катарците презедоа целосна контрола, постигнаа четири гола во серија и не испуштајќи го водството до самиот крај. Набрзина разликата порасна на пет гола (5-10), по што азискиот првак рутински ја одржуваше предноста се до самиот крај и конечните .
Јусеф и Франкис со по осум погодоци беа најзаслужни за катарскиот триумф, додека во таборот на Русија најефикасен беше Ковалев со девет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА