Репрезентацијата на Катар стигна до првата победа на Светското првество во Египет откако ја совлада Ангола со 30-25. Првото полувреме помина во егал игра, па на полувреме Катарците заминаа со минимална предност од 14-13.
Во вториот дел тимот предводен од Шариќ на голот заигра далеку подобро особено во фазата на одбрана и на крајот успеа да стигне до рутински триумф од 30-25. Мадади Ахмад со 8 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Пестана со шест гола.
Во вториот меч од групата Ц од 18 часот се среќаваат Хрватска и Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА