Катар на отворањето на Светското првенство беше домаќин на Еквадор во првиот натпревар на турнирот. Запиша пораз од 0-2, но повеќе од тој пораз во светот се коментира заминувањето на голем број домашни навивачи од централниот стадион многу пред крајот на натпреварот.
Откако веќе на полувремето беше 0-2, илијадници домашни навивачи уште за време на паузата го напуштија стадионот на кој до крајот останале само половина од 67.732 гледачи колку што официјално влегоа на трибините.
Катар со овој пораз стана првиот домаќин на светските првенства кој турнирот го почнал со пораз.
„Денот кој почна со вистински оптимизам за остварување на сонот за нивно Светско првенство, многу брзо се претвори во ноќна мора за играчите и навивачите“ – пренесува Би-би-си.
„Додека Еквадорците уживаа, домашните навивачите беа навистина тивки. Многумина од нив го напуштија стадионот уште на полувремето, па стадионот во второто полувреме беше полупразен“ – се вели во текстот кој ја пренесува и изјавата на селекторот Феликс Санчез на оваа тема.
„Се надевам дека на следниот натпревар ќе направиме нашите навивачи да се почувствуваат малку погордо. Можеме подобро, а сигурен сум дека и публиката ќе биде со нас на следните натпревари“ – истакнува Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА