Организаторите на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Катар во 2022. година, се најдоа во големи проблеми. Имено, како што пренесуваат англиските медиуми околу 100 мигранти кои работеле на изградба на еден од стадионите не добиле плата дури седум месеци. Властите за овој проблем знаеле, но не се потрудиле да го решат. Јавноста во светот покрај Катар ја обвинува и Светската фудбалска федерација (ФИФА) која што не презема ништо да го притисне Катар да ја исполни својата должност.
„Постјат луѓе кои седум месеци немаат земено плата. Затоа се поставува прашањето зошто се случува тоа во држава која се подготвува да биде центар на светот еден месец, барем кога е фудбалот во прашање“, се само дел од коментарите на медиумитево светот.
Светското првенство во Катар ќе се игра во периодот од 21. ноември до 18. декември 2022 година, што ќе биде првпат Мундијал да биде организиран на крајот на година, наместо во летните месеци.
Катарските власти реагираа во врска со овој проблем кој го иницираше организацијата за човекови права „Амнести Интереншнал“. Официјалното објаснување на владата на Катар на овој линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА