Ракометарите на Бутел забележаа катастрофа во првиот натпревар против унгарскиот Ѓенѓеш од првото коло во Лигата на Европа. Унгарците го декласираа македонскиот претставник со високи 34-21.
Бутелци катастрофално тргнаа уште од стартот на мечот. Македонскиот тим не успеа да постигне ниту еден го во првите десет минути по кои домаќините имаа предност од 6-0. Кристијан Грнчевски мораше да интервенира со тајм-аут, но работите до крајот на првиот дел не се подобрија многу, а Бутел за пауза замина со негатива од 17-7. Во вториот дел Бутелци заиграа за нијанса подобро и во текот на сите 30 минути беа во егал со противникот, но тоа не беше доволно за избегнување на катастрофата (34-21).
Реваншот меѓу двата тима е закажан за утре со почеток во 18 часот. Вториот наш претставник во првото коло од Лигата на Европа, Металург, утре на домашен терен ќе ја пречека хрватската Спачва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА