Чикаго Булс убедливо ги совлада Лејкерс во Лос Анџелес со резултат 146:115 и направи важен чекор кон обезбедување на позиција во плеј-офот. Леброн Џејмс се врати на теренот откако пропушти шест натпревари, но тоа не му овозможи на Лејкерси да дојдат до победата.
Вистински „жар“ имаше во мечот, што можеше да се почувствува по првата четвртина која заврши 32:31 за Чикаго. Иако Чикаго имаше предност од десет поени на половина од втората четвртина, Лејкерси брзо одговорија и до полувремето ја намалија негативата на три поени – 65:62.
Клучната разлика беше направена во третата четвртина, кога Булси со тројки ја уништија одбраната на Лејкерси предводени од Вајт и Бузелис. Лејкерси влегоа во последната четвртина заостанување од 15 поени и немаа сили да направат пресврт, па конечниот резултат гласеше 146:115. Интересно е што Чикаго во третата четвртина постигна дури 39 поени, а во четвртата неверојатни 42.
Најефикасен кај Лејкерси беше Дончиќ со 34 поени, осум скока и шест асистенции, додека кај Булси Вајт имаше 36 поени и 70 отсто шут од поле. Откако пропушти шест натпревари поради повреда, Леброн Џејмс се врати на теренот и за 31 минута постигна 17 поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Голден стејт 124:115
Њујорк – Вашингтон 122:103
Сакраменто – Милвоки 108:114
ЛА Лејкерс – Чикаго 115:146
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА