ЕКИПА во Копенхаген, Данска
Владимир Булатовиќ
Кошмарен втор дел за Македонија на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во Копенхаген. Откако по првиот дел немаше голови, во вториот четири гола во мрежата на Димитриевски и тоа на 14 минути до крајот на средбата.
„Потона“ бродот после првиот гол на Дамсгард, па следуваа два на Исаксен за една минута, а во 76. минута и Норгард постигнува гол за предност на Данска од 4-0, потврдувајќи го целосниот „распад“ на Македонија.
Легендарниот Ериксен нафрли на корнер, а Норгард само се „поклони“ на вториот дирек за да го зголеми водството на 4-0 и да на јави катастрофа за македонскиот национален тим во Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

