Катастрофа на Србите: Грција ги „потопи“ за бронза на Светското првенство!

Грција е освојувач на бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Сингапур. Грците во борбата за третото место го победија олимпискиот шампион, репрезентацијата на Србија, и тоа убедливо со 16-7.

Освен првата четвртина, Србија беше неконкурентна и инфериорна во текот на целата игра, а доминацијата им се исплатеше на Грците повеќекратно.

Тие го „потопија бродот“ на Србија во раната фаза од играта, бидејќи уште од почетокот на натпреварот беше сосема јасно дека Грција е расположена и има значително повеќе шутеви од Србија, особено во позицискиот напад.

Откако првата четвртина заврши со 2-2, вистински „пекол“ за Србија беше виден во втората четвртина. Грците направија серија од 6-0 и ги оставија Србите на дното од базенот со голема негатива од 8-2 на полувремето. Потоа се беше рутина низ следните две четвртини (3-3 и 5-2) за убедлив триумф на крајот од дури 16-7.

Во битката за златото на Светското првенство од 15:35 часот ќе играат Унгарија и Шпанија.

Се вчитува...