Катастрофа: Страшна повреда на Матеј Цветаноски

На програмата на терените во БиХ се дуелите од националниот куп, а мечот меѓу Железничар и Слога се покажа кобен за македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски.

Тој настрада пред крајот на првото полувреме, откако го извлече подебелиот крај од стартот на противничкиот фудбалер Мандиќ. Веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, можеа да се слушнат крици на повредениот македонски играч, кој на крајот во возило на брза помош беше изнесен од теренот.

Првичната дијагноза е дека станува збор за скршеница на ногата, а деталните прегледи ќе покажат за што точно станува збор. Едно е сигурно, оваа сезона за жал прерано заврши за Матеј Цветаноски.

Се вчитува...