Евролигашот Валенсија се соочува со огромен проблем при самиот крај на регуларниот дел на Евролигата. Тимот кој конкурира за пласман во плеј-инот доби разочарувачки вести бидејќи поради повреда остана без еден од своите најдобри кошаркари, Брендон Дејвис.
Искусниот центар кој оваа сезона бележи просек од 12.5 поени, 3.8 скокови и 2.1 асистенција заработи повреда на левата нога и со сигурност нема да настапи во следните натпревари.
„Брендон Дејвис осети болка во левата нога по натпреварот против Фенербахче во Истанбул. Дијагонозите и тестовите потврдија дека станува збор за повреда на мускул на левата нога и Дејвис ќе биде надвор од тимот за следните натпревари. Ќе видиме кога ќе биде подготвен да и се приклучи на екипата“, стои во соопштението на Валенсија.
Во двојното коло кое следи во Евролигата, Валенсија силите ќе си ги одмери со Баерн Минхен на домашен терен и Монако на гостински.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА